close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

  • 28 мај 2015

    Составуваме водич по полските траги во Скопје.

    Почитувани!

    Денес го започнуваме новиот циклус „Скопското АБВ“, кој претставува континуација на минатогодинешниот циклус „Мостови на сеќавањето“. Заедно со Вас би сакале да составиме „полски“ водич по Скопје, во кој конкретните „полски“ одредници ќе ги означиме со определени букви од азбуката. Ќе ги објавуваме на Фејсбук и на веб-страницата на амбасадата во нашата нова рубрика „Полските траги во Скопје“.

     

    Ајде заедно да го создадеме нашето скопско АБВ!

     

    Секако, започнуваме од БУКВАТА А:

     

     

      А како „А зошто?“ Одговорот е едноставен. Прво – да се потсетиме и да го опишеме полскиот придонес во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година. Второ – да им дадеме можност на полските туристи, кои сè побројно го посетуваат Скопје, да го запознаат градот од поинаква перспектива, да откријат места кои се интересни и фасцинантни, токму поради нивната „полска историја“.

     

     

     

     Б како „барака“ [PL barak], а всушност дрвена куќичка, нарекувана „финска куќичка“, иако во овој случај се работи за „полска куќичка“, а поточно „куќичка од Полска“.

     

    Полска, како помош за жртвите на земјотресот, додели вкупно 60 куќички со различна површина: 30 со 56 м2 (двособни) и 30 со 35 м2 (еднособни). Како за тие времиња, куќичките беа многу удобни, опремени со бојлер, парно греење и домашно WC, кое сепак на почеток не можело да се користи, бидејќи во одново организираните населби  недостигаа водовод и канализација. Куќичките стигнаа до Скопје доста брзо. Во јануари и февруари 1964 година заврши монтажата и опремувањето, и набргу потоа во нив се вселиле првите станари. Во тоа време веќе стоеле или биле монтирани куќичките од Чехословачка, Швајцарија, Норвешка, Франција, Финска и други држави, кои побрзаа со својата молскавична помош за градот. Куќичките од Полска биле поставени во новите насиелби на улиците тогаш означени единствено со броеви, меѓу другите 802, 810, 811, 812 i 818*. Денес тоа се улиците „Лазар Поптрајков“ (802), „Клетовник“ (811), „Вамбел“ (812) и „Гемиџиска“ (818) и 810 сè уште без име, во денешните населби Гази Баба – Автокоманда (Железара)**.  Меѓу жителите на Скопје жив е митот(?) дека полските куќички ги имало главно во населбата Тафталиџе на денешната улица Варшавска и токму затоа таа се вика така. За жал, до денес сè уште не успеавме да ги потврдиме тие информации. Никаде во Скопје не наидовме на ниту една „полска финска куќичка“.

     

    [*извор: документи од Фондот за обнова и изградба на Скопје во Джавниот архив на Република Македонија – одделение Скопје; ** информацијата е добиена од ЈП Улици и патишта – Скопје]

     

     

     

     

    Полски дрвени бараки - дар за Скопје после земјотресот, фотографијата е направена веројатно во 1965 година.

    Фот: Киро Георгиевски/приватна архива на Климе Поповски

     

    [додадено 15/5/2015]

    (редакција: Барбара Керамитчиев, Кинга Нетман-Мултановска)

     

     

    Буквата Б - продолжение. Сензација! Прелом во нашата потрага по полските куќички, во Скопје популарни како „бараки“. Ги најдовме! Многу луѓе, жители на Скопје, ни помагаа во барањето, прашувајќи роднини и познаjници, дали некој од нив по земјотресот живеел во „полска куќичка“. Пред неколку дена добивме порака со точно означено место, каде треба да ги бараме. „Ги памeтам многу добро од кога бев дете, бидејќи ги поминував куќичките, одејќи кај баба ми, која живееше во Карпош. (...) Не останаа многу од нив. Запамтив колку беа убави, ми се чинеа многу ‘уметнички’“. Отидовме на посоченото место и навистина, таму стојат куќички исти како на сликата, додуша 50 години постари, а некои и по значаен „лифтинг“, но тие, што останаа недопрени или на кои контрукцијата им била менувана минимално, се идентични со куќичките сликани од фотографот, Киро Георгиевски, најверојатно во 1965 година. Тоа е населбата Тафталиџе (!) во квадратот меѓу денешните улици Лондонска, Прашка, Виенска и Варшавска. Во очите на едно дете можеле да изгледаат ‘уметнички’, бидејќи на темнокафените, дрвени ѕидови впечатливо се оцртуваат големи, зелени ќепенци. Разговаравме со жителите. Улицата, долж која стојат најмногу такви куќички, навистина некогаш се викала 810 (!), што значи, приказната за полските куќички во Тафталиџе е вистинска, а трагата што води кон населбите Гази Баба и Железара, оддалечени од центарот, може да се покаже сосема погрешна...

     

     

        

    1                                                                                              2

     

      

    3                                                                                           4

     

     

      

    5                                                                                         6 

     

     

    На фотографиите:

    (1-4) полските дрвени куќички денес,

    (5) архивската фотографија на Киро Георгиевски,

    (6) истото место денес, гледано од слична перспектива.

     

    [додадено: 2/6/2015]

     

    Дрвените полски бараки се наоѓаат во скопската населба Тафталиџе, во квадрат помеѓу улиците Лондонска, Прашка, Виенска и Варшавска. И овде, во суштина, нивната приказна завршува. Населбата расте, се модернизира, и „полските“ бараки една по друга исчезнуваат од картата на Скопје, правејќи место за вили и модерни згради. Но, дури доколку некогаш потполно исчезнат, од нив ќе остане добар спомен и многубројни фотографии во семејните албуми, кои имавме можност да ги разгледуваме за време на средбите со станарите на бараките...

    [додадено: 3-2018]

     

     

     

      Ц како Циборовски Адолф

    Архитект и урбанист, човекот кој ги спојува двата града – Варшава и Скопје – главен архитект на обновата на Варшава, уништена во Втората светска војна, во периодот од 1954 до 1956 година; потоа, од 1964 до 1967 година главен директор на програмата на ОН за изградбата и обновата на Скопје, кое беше уништено од земјотресот во 1963 година.

     

    Веднаш по земјотресот, во август 1963 година, заедно со групата варшавски архитекти и урбанисти, доаѓа на кратко во Скопје во рамките на специјалната мисија за помош од страна на полската влада за да го сподели знаењето и искуството во изградбата на речиси целосно уништениот град (повеќе од 80% од Скопје, слично како и Варшава, беше уништено).

     

    Во името на ОН се враќа во Скопје на 20 август 1964 година, овој пат како manager of the UN Skopje Urban Plan project, т.е. како директор на програмата за изградба на Скопје. Функцијата ја врши до 1967 година.

     

    Во Скопје од времето на обновата постои улицата Адолф Циборовски. Денес таа е поранешната мала уличка Мајка Тереза во општина Центар. Порано тоа беше улицата што денес се вика Војвода Васил Чакаларов. „Мостот на Циборовски“ се нарекуваше стариот Железнички мост кој уште постои, но официјално никогаш не го носел името на полскиот архитект.

     

    Повеќе за Адолф Циборовски на:

    http://www.inmemoriam.architektsarp.pl/pokaz/adolf_grzegorz_ciborowski,2457                     

    http://polacywmacedonii.net/wywiady/adolf-ciborowski/

    http://culture.pl/pl/tag/adolf-ciborowski

     

    а исто така и во интернет публикација на:

    http://issuu.com/polembskopje/docs/the_warsaw_tigers

     

    (1) Адолф Циборовски, Скопје 1965

     

    [Автор на фотографијата: Киро Георгиевски; од приватната архива на Климе Поповски]

     

     

    (2) Адолф Циборовски заедно со архитектот Кензо Танге

     

    [Автор на фотографијата: Киро Георгиевски; од приватната архива на Климе Поповски, Скопје 1965]

     

     

    (3) Адолф Циборовски на градоначалникот Благоја Попов му го презентира планот за обновата на Скопје

     

    [фотографија од публикацијата „Vasa pomoc Skopju” 7-12/1965]

     

     

    (4) Адолф Циборовски им го презентира на меѓународните експерти урбанистичкиот концепт на новото Скопје

     

    [фотографија од публикацијата „Vasa pomoc Skopju” 1-3/1966]

     

     

    (5) Поранешната и денешната улица Адолф Циборовски

     

      

     

    [додадено 15/1/2016]

     

     

     

      Ф како филмот „Скопје. Уметност на солидарноста“.

    Задолжителна филмска сесија за оние, кои се интересираат за не многу далечната историја на Скопје и на полско-македонски врски од периодот на реизградбата на градот после земјотресот во 1963 година.

     

    PL верзија: https://www.youtube.com/watch?v=nDpv-siSG8E

    MK верзија: https://www.youtube.com/watch?v=EP7vKqCO4kY

    ENG верзија: https://www.youtube.com/watch?v=hmhoMW8ppBs

     


    Ф како филателија - македонска  Полоника

    РЕПУБЛИКА ПОЛСКА ВО  МАКЕДОНСКА ФИЛАТЕЛИЈА

     

    КЛИМЕ  ПОПОВСКИ

     

    Филателијата е најпопуларното хоби во светот. Десетици илјади колекционери се вљубеници во поштенските марки, тие минијатурни уметнички дела. Секој поштенски оператор на земјите, т.е. националните пошти, ги издават поштенските марки и другите поштенски вредносници, пред се за своите потреби во тековното работење, но и за голем број колекционери во земјата и светот, кои собираат марки со одредена тематика. Поштите, во своите годишни планови за издавање на пригодните марки, избираат пред се мотиви од своето историско минато, културните вредности, како и природните убавини и спортот. Меѓутоа, во емисионите планови на националните поштенски оператори често се застапени мотиви со личности, културни и уметнички вредности на поедини земји, кои станале сопственост на целото човештво. Посебно се интересни изданија на марки издадени во другите земји, со личности и мотиви од одредена земја. Така на пример, марки со ликот на големиот полски научник, Марија Склодовска Кири, издадени се во огромен број земји во светот, со што се дава почит на делото создадено од овој научник. Во случајот на Република Полска, марки издадени со мотиви од полската историја и култура во други земји, спаѓаат во теметика ПОЛОНИКА, која е секако омилена кај голем број полски колекционери.

     

    Со распаѓањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, се создадоа шест нови држави, кои почнаа да издаваат свои поштенски марки, кои претставуваат, покрај националните симболи и националните валути, едно од обележија на секоја земија.

    Република Македонија, својата прва поштенска марка, како независна и суверена држава,  ја издаде на 8 септември 1992 родина, на годишнината од прогласувањето на својата независност и сувереност. Македонска пошта, која е овластена за издавање на поштенските марки, во своите годишни програми за издавање на попштенски марки, покрај мотивите од својата историја, култура и природни убавини и богатства, редовно издава и марки со личности и настани од светската наука, култура и уметност. Така да и темата Полоника е застапена во издавачката дејност на Македонска пошта.

     

    Првата марка издадена на 6.12.2008 година, е по повод Македонско-полското пријателство и културна соработка, а како мотив го има портретот на Претседателот Лех Валенса и логото на синдикалното движење Солидарност.

     

    Втората марка,  издадена на 8.6.2010 година, е по нповод 200 годишнината од раѓањето на големиот пијанист, композитор и партиот, Фредерик Шопен. Мотивот е портретот на композиторот.

     

    Третата марка е издадена на 4.5.2011 година, во серијата Македонија во Европската унија, а по повод Претседавањето на Република Полска со Европската унија. Мотивот на марката е погед на стариот Кралски двор во Варшава.

     

    Со овие три скромни изданија, Македонската пошта ја збогатува темата Полоника, и секако ќе има интерес кај полските колекционери.

     

    Со понатамошната пријателска соработка меѓу Република Полска и Република Македонија, сигурно ќе бидат издадени и други марки, со мотиви од Полската наука и култура. (2016 г.)


     

     
     

      


    [додадено 6/3/2017]

     

     

     Ј како Јанковски Станислав

     

    Покрај Адолф Циборовски, полскиот архитект и урбанист, директорот на програмата за изградба и обнова на Скопје во името на ОН [види > Буквата Ц], во градот работеле многу други полски специјалисти поврзани со Бирото за обнова на главниот град, а потоа со Урбанистичката работилница на Варшава и со Бирото на планирање на развојот на Варшава. Еден од најважните бил Станислав „Агатон“ Јанковски, раководител на тимот од Полсервис, кој го изработувал планот за обновата на Скопје. Тој бил одликуван со сребрениот орден на Градот Скопје. За неговата работа и работата на другите полски архитекти во Скопје бил одговорен архитектот и урбанист Богдан Випорек, член на полскиот тим.

    http://stanislawjankowskiagaton.pl/po-wojnie/wspolpraca-miedzynarodowa/skopje/

     

    Повеќе за Станислав „Агатон“ Јанковски на страниците:

    http://www.inmemoriam.architektsarp.pl/pokaz/stanislaw_jankowski,840

    http://polacywmacedonii.net/wywiady/stanislaw-jankowski/

     

    Фотографија: Специјалистите од Полсервис го цртаат урбанистичкиот план на новото Скопје. Третиот од десно, со очила, е Станислав Јанковски

     

     

     

    [Фотографијата од публикацијата „Vasa pomoc Skopju” 10-12/1964]

     

     

    [додадено 16/1/2016]

     

     

     

     

      К како „Колекција на полската уметност“ во Музејот на современата уметност во Скопје [види > Буквата М], т.е. 212 дела подарени на градот од страна на 135 полски уметници после земјотресот. Таа е една од најголемите колекции на полската уметност надвор од границите на нашата држава, која се состои од дела на најистакнатите полски графичари, сликари, вајари и резбари.

     

    За таа тема напишавме и кажавме веќе многу. Ви ги препорачуваме сите достапни материјали и линкови, подготвени од нас. Пред сè ви ја препорачуваме презентацијата на колекцијата и нејзината фасцинантна историја која е достапна на платформата Google Cultural Institute:

     

    Полската верзија: https://www.google.com/culturalinstitute/exhibit/SgJyPsOsHKv5LQ?hl=pl          

    Англиската верзија: https://www.google.com/culturalinstitute/exhibit/skopje-the-art-of-solidarity/SgJyPsOsHKv5LQ?hl=en-GB

     

    но исто така и другите интересни страници:

     

    http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/bilateral_cooperation/skopje_mk_a_65/skopje_mk_a_90/google_exhibition

    http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/bilateral_cooperation/skopje_mk_a_65/skopje_mk_a_90/contemporary_lynx_2

    http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/bilateral_cooperation/skopje_mk_a_65/skopje_mk_a_90/contemporary_lynx

     

     

    * * * * *

    К како календарите на Амбасадата

    Веќе неколку години по ред издаваме мали канцелариски календари. Првиот, за 2015 година, раскажуваше за „Колекцијата на полската уметност“ [види > погоре], презентирајќи 12 од 212-те дела кои се наоѓаат во Музејот на современата уметност во Скопје [види > Буквата М]. Во 2016 година издадовме календар, со кој сакаме да го промовираме полскиот индустријален дизајн, а за пример го даваме интериерот на нашата Амбасада, едно од најубавите и најмодерните полски дипломатски претставништва во светот. Календарот за 2017 година презентираше бројни полски траги во Република Македонија. Во календарот за 2018 година објавуваме уникатни фотографии од македонското Порече, направени од полскиот етнолог Јузеф Обрембски, кој водел теренски истражувања од 1931 до 1933 година. Нашите календари во електронска варијанта достапни се на следните страници:

     

    Календарот за 2015 година:    

    http://issuu.com/polembskopje/docs/kolekcja_sztuki_polskiej_w_skopje?e=14952310/10865734

     

    Календарот за 2016 година:

    http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/news/2016__________________________________________________________________


    Календарот за 2017 година:

    https://issuu.com/ambasadarpwskopje/docs/calendar_2017

     

    Календарот за 2018 година:
    https://issuu.com/ambasadarpwskopje/docs/kalendarz_2018

    Повеќе за Јузеф Обрембски и макодонското Порече:
    https://issuu.com/ambasadarpwskopje/docs/katalog_jozef_obrebski_final

     

     

     М како Музеј на современата уметност во Скопје

     

    Прекрасна, надвременска зграда која се издигнува на Калето што доминира над градот. Музејот беше создаден како искажување солидарност после земјотресот во 1963 година. Тој е дар од полската влада за новоизграденото Скопје.

     

    Во 1966 година Друштвото на полските архитекти со финансиска поддршка на тогашната полска власт спроведе конкурс за проектот на зградата на МСУ. Пристигнаа 89 проекти меѓу кои футуристичкиот проект на Оскар Хансен. На крајот бил одбран проектот во авторство на варшавските „Тигри“ – тимот архитекти во состав: Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки [види > буквата Т]. Модерност, функционалност, естетика, тоа се зборовите со кои може да се опише преубавата и надвременска конструкција.

     

    Музејот беше отворен за посетителите на 13 ноември 1970 година. Неодамна зградата беше модернизирана. Одново беше отворена за посетителите во 2014 година. Поголемиот дел од поставката во музејот се „дарови на солидарноста“ од уметниците од целиот свет, а меѓу нив се наоѓаат 212 дела на полските уметници. [види > Буквата К како „Колекција на полската уметност“ во МСУ во Скопје]

     

    Уникатните, архивски документи и фотографии заедно со редоследот на настаните ќе ги најдете во монографијата достапна на адресата:

    http://issuu.com/polembskopje/docs/the_warsaw_tigers

     

     

     

     

     

     

    [Фото 1, 2, 3, 4: Музеј на современата уметност во Скопје, 2014]

     

     

     

     

    [Фото 5: Хенрик Стажевски, Композиција, 1964, постојана поставка во МСУ во Скопје, 2014]

     

     

     

     

      П како Полонистика

     

    Најверојатно една од најстарите полонистики во светот, основана во 1959 година, за почеток како лекторат по полски јазик на Филозофскиот факултет (потоа Филолошки) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За историјата на полонистиката во својата статија пишува проф. Милица Миркуловска:

    http://www.studiapolskie.us.edu.pl/wirtualna_katedra/lit_pol_w_swiecie_t2/25Mirkulovska.pdf

    МК верзија: http://archive.is/rHCDs

     

    Скопската полонистика има свој ФБ профил: ПолонистикаМК/ PolonistikaМk https://www.facebook.com/polonistikamk/?fref=ts

     

    На заинтересираните им ги препорачуваме линковите за јубилејот 55 години полонистика (2014 година)

    http://www.skopje.msz.gov.pl/pl/aktualnosci/55_lat_polonistyki_na_uniwersytecie_sw__cyryla_i_metodego_w_skopje_

     

    МК верзија

    http://www.msz.gov.pl/mk/p/skopje_mk_a_mk/news/55_____________________________________________________________________

     

    http://daily.mk/kultura/pedeset-pet-godini-polonistikata

     

     

    * * * * *

     П како Полонија

     

    Ве пренасочуваме до многу интересна интернет страна достапна на полски и на македонски јазик (линкот подолу), изработена од „Друштвото Етнографска работилница Витолд Диновски“ како проект во рамките на конкурсот „Соработка помеѓу Полонија и Полјаците во странство“ на Министерството за надворешни работи на РП.

    http://polacywmacedonii.net/

     

    Информациите за полската дијаспора во Македонија, исто така, можете да ги најдете на страниците на нашата амбасада во рубриките: „Полонија во Македонија“ и „Саботно школо по полски јазик“.

     

     

    * * * * *

    П како полски јазик

    Полскиот јазик можете да го изучувате на курсевите организирани во Саботното школо по полски јазик во Скопје. Сега засега курсевите се за деца, но поканети се исто така и возрасни!

     

     

    Часови секоја сабота од 11.00 до 12.00 во ГТЦ; заинтересираните ги молиме да нѐ контактираат преку пораките на нашиот ФБ профил: https://www.facebook.com/PolishEmbassySkopje

     

    Огромно задоволство е да учиш во толку шарено опкружување!

    До гледање на час!

     

     

     

     

      Ш како школо (PL „szkoła”), а поточно Хемиското средно училиште на Град Скопје „Марија Кири-Склодовска“ – Скопје

    По земјотресот во 1963 година, многу држави му помогнаа на Скопје да се крене од руините. Различна помош доаѓаше скоро од целиот свет – вкупно 82 држави се вклучиле во реизградбата – па затоа Скопје многу често е нарекувано „градот на солидарноста“.

     

    Полска и Полјаците беа едни од првите што дојдоа да помогнат. Треба да се каже дека веќе наредниот ден по земјотресот, т.е. на 28 јули 1963 година, во Скопје пристигна авион со хуманитарна помош и осум тона (!) крвна плазма*. [За „Полската помош за Скопје“ пишуваме во АБВ, исто така, под следните букви > Буквата Б, Буквата Ц, Буквата Ј, Буквата М, Буквата Т.]

     

    Тогаш на градот му беа подарени многу објекти за јавна употреба. Во таа бројна група (театри, градинки, болници, библиотеки итн.) спаѓа и зградата на хемиското школо заедно со целосната опрема, кое беше полски дар, пуштено во употреба во 1969 година. Денес во школото учат над 800 ученици. Повеќе на страната на хемиското училиште: http://marijakirisk.schools.edu.mk/

     

     

    [Фото: Хемиското средно училиште на Град Скопје „Марија Кири-Склодовска“ од албумот „Skopje. Grad solidarnosti”, 1975]

     

    [*извор: Катерина Мирчевска, Љубица Јанчева, Polish Aid in the Reconstruction of Skopje after the 1963 earthquake, во: Македонија – Полска. Историја, култура, јазик, литература, медиуми. Институт за национална историја, Скопје 2015, стр. 91-96.]

     

     

    * * * * *

     

     С како специјалистите од Полска кои работеа при реконструкцијата на Скопје по земјотресот во 1963 година.

     

    Во многубројни архивски документи се повторуваат презимињата:

     

    архитекти, инженери и урбанисти: Адолф Циборовски (види > Буквата Ц), Јануш Ќерпињски, Станилав Фурман, Станислав Јанковски (види > Буквата Ј), Богдан Јастшембски, Олгјерд Качињски, Ј. Кроткјевски, Олгјерд Кунцевич, Кажимјеж Марчевски, Л. Молоњевич, Марија Њемчик, Јануш Вилски, С. Волски, Бохдан Випорек

     

    економисти: Станислав Броњевски, Збигњев Галперин, Тадеуш Михалак, З. Новаковски

     

    социолози: Божидар Гурницки, Зигмунт Пјуро, Збигњев Суфин

     

    статистичар: Анджеј Лушњевич

     

    Види исто така: Буквата Т („Тигрите“)

     

    (извори: „Vasa pomoc Skopju”, 1964; Sławomir Gzell, Międzynarodоwe osiągnięcia polskiej urbanistyki, во: „Kwartalnik Architektury i Urbanistyki”, 3/2011, стр. 3-13; Катерина Мирчевска, Љубица Јанчева, Polish Aid in the Reconstruction of Skopje after the 1963 earthquake, во: Македонија – Полска. Историја, култура, јазик, литература, медиуми, Институт за национална историја, Скопје 2015, стр. 91-96; Skopje Resurgent. The Story of the United Nations Special Fund. Town Planning Project, UN 1970.)

     

     

    Фото: Полските специјалисти за време на работата, фотограф: Киро Георгиевски, 1965, од приватната архива на Климе Поповски

     

     

     

      Т како варшавските „Тигри“, т.е. тимот архитекти во состав: Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки, проектантите на зградата на Музејот на современата уметност во Скопје (1966 година) [види > Буквата М].

     

    Сè за „Тигрите“:

     

    Полската верзија: http://culture.pl/pl/tworca/warszawskie-tygrysy-waclaw-klyszewski-jerzy-mokrzynski-i-eugeniusz-wierzbicki

     

    Англиската верзија: http://culture.pl/en/artist/the-warsaw-tigers-waclaw-klyszewski-jerzy-mokrzynski-eugeniusz-wierzbicki

     

    Во декември 2014 година во Скопје се одржа изложбата „Тигрите. Во тимот е силата“. Таа беше македонска варијанта на експозицијата подготвена во мај 2014 година од страна на ЗАИКС и Бирото за култура на главниот град Варшава. Изложбата беше организирана по повод 50-годишнината на Музејот на современата уметност со цел да потсети и да ѝ ги приближи на македонската публика биографиите и достигнувањата на тројката полски архитекти.

     

    Извештајот од изложбата во Скопје:

    http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/bilateral_cooperation/skopje_mk_a_65/skopje_mk_a_90/exhibition_1

     

     

    Повеќе за „Тигрите“ во монографијата за Музејот на современата уметност во Скопје:

    http://issuu.com/polembskopje/docs/the_warsaw_tigers

     

     

     

     

     

     

     В како Варшавска

    Во Скопје има Варшавска улица. Долга, тивка, зелена. Ќе ја најдете во населбата Тафталиџе, една од неколкуте нови населби кои изникнаа по земјотресот и каде што со многу брзо темпо се монтираа дрвените куќички, нарекувани „бараки“, кои беа испраќани во Скопје од различни страни на светот.

     

    Новоисцртаните улици за почеток беа означувани со бројки, но – како што произлегува од архивските документи кои се наоѓаат во Државниот архив на РМ во Скопје – во март 1965 година биле направени чекори да се соберат соодветни називи на улиците; во населбата Тафталиџе тие требало да ги овековечат државите и градовите кои во периодот по земјотресот му ja дадоа на Скопје најголемата поддршка.

     

    Биле планирани улиците „Полска“ (оригинално улиците бр. 810 или 818) и „Познањска“ (бр. 817). Веднаш се појавува прашањето со што бил заслужен Познањ да се најде на списокот градови-патрони на скопските улици. Покрај Варшава, на тие списоци нема да најдеме ниту еден друг полски кандидат. Дали помошта доаѓала од Металуршки комбинат „Хиполит Цегјелски“? Тоа не го знаеме, можеме само да претпоставуваме. Штета што улиците „Полска“ и „Познањска“ никогаш не биле исцртани. Предлозите останаа единствено „на хартија“.

     

    Кога сме кај скопските улици, треба да се напомене дека во градот постои улица и парк „Фредерик Шопен“ во населбата Кисела Вода, со биста на композиторот поставена во септември 2010 година, во рамките на одбележувањето на Шопеновата година по повод двестегодишнината од неговото раѓање. Исто така и малата улица „Адам Мицкјевич“* која се наоѓа во близина на нашата Амбасада, во подножјето на Водно, во населбата Капиштец.


    * (3-2017) Тешко е да се пронајде таму каква било трага од улицата Адам Мицкевич поради реизградба на тој фрагмент од населбата.

     

    Print Print Share: